Деликатесни солени бомбици од мелено месо и моцарела

Деликатесни солени бомбици од мелено месо и моцарела

Вкусни и деликатесни топчиња со мелено месо и моцарела кои имаат одличен вкус.

Во продолжение прочитајте кои се потребните намирници и начинот на подготвувањето.

Состојки.

  • 500 гр мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 лажица вегета
  • 2 главици кромид
  • 150 гр моцарела
  • 300 гр Пекабеско сланина
  • бибер
  • магдонос
  • босилек

Начин на подготовка:

  1. Во меленото месо во сад се додаваат јајце и босилек, магдонос, бибер и вегета, па се се меша и соединува.
  2. Се обликуваат бомбици од месото, па во секоја се става моцарела на средина и повторно се обликува во форма на топче.
  3. Се чисти кромидот, се сече на кругови, па во секој круг се става по едно топче.
  4. Потоа се мота секоја бомбица во две парчиња сланина кои се претходно малку обарени во вода.
  5. Ставете ги бомбиците во тепсија и печете ги на 220 степени половина час.

На здравје!

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

Вкусни месни залаци

Гурманско мелено пилешко со зеленчук

Ролни од мелено месо

Наполни главица кромид со мелено месо

мелено месо со зеленчук од тава