Вкусна салата со јајца – Вистински деликатес на свечената трпеза

Вкусна салата со јајца – Вистински деликатес на свечената трпеза

Направете вкусна салата со јајца како предјадење. Одлична е кога ќе ви дојдат гости или за свечености и посебни прилики.

Еве го рецептот за да ја приготвите:

Состојки:

  • 5 јајца
  • 2 компири
  • 200 гр Пекабеско шунка
  • 1 павлака Пекабела
  • 100 гр мајонез
  • 1 лук
  • 1 парче сирење
  • сол

Начин на подготовка.

  1. Јајцата и компирот се обаруваат во солена вода, па се рендат во сад заедно со шунката и сирењето.
  2. Лукот се сече и се додава во смесата.
  3. На крај се додаваат павлаката и мајонезот и се става сол и други зачини по вкус.
  4. Сè убаво се меша и се остава да се излади во ладилник.
  5. Може да декорирате со магдонос, морков или друго по избор.

Уживајте во овој вистински деликатес.

Повеќе на Gotvi.mk:

Цвекло со еден додаток – највкусна салата или мезе

Шарена салата

Руска салата без мајонез и шунка

Одлична салата од карфиол

Најдобриот рецепт за руска салата

Запечена цезар салата

Салата деликатес

Направете ориз салата

singlepost_text