Направете вистински деликатес со свинско месо кој ќе ги разбуди сите сетила.
Ова е рецептот, како и начинот на подготовка:
Состојки.
- 1 кг свинско месо
- 500 гр печурки
- 2 главици кромид
- 4 домати
- 1 лажица вегета
- 1 лажичка бибер
- малку масло по потреба
Начин на подготовка:
- На загреано масло се динста кромидот со шампињоните, па се додава свинското месо ситно сечено и доматите кои исто така ќе ги сечете на коцки. Целата смеса се пржи 15-20 минути.
- Се ставаат зачини по вкус, вегета и бибер и се распоредува месото на 4 парчиња фолија.
- Добро се затвара месото во фолијата. Ставете да се пече во рерна на 200 степени половина час.
- Се послужува додека е топло.
Добар апетит!
Повеќе на Gotvi.mk:
Сечкано свинско на кинески начин
Пита од мелено месо, карфиол и праз