Солени мафини со спанаќ и сирење

Солени мафини со спанаќ и сирење

Направете солени мафини со спанаќ повкусни дури и од пита.

Ова е рецептот и детали како да ги приготвите:

Состојки.

  • 250 гр кори за пита
  • 3 јајца
  • 1/2 лажичка сол
  • 250 гр сирење
  • 100 мл кисела вода
  • 50 мл масло
  • 1/2 кеса прашок за пециво
  • 40-50 гр спанаќ
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Јајцата се матат пенасто со малку сол, се ситни сирењето и се додава во смесата, заедно со киселата вода, маслото и прашокот за пециво. Убаво се соединува.
  2. Се додаваат и иситнетите листови спанаќ во смесата.
  3. Корите за пита ги сечеме на ленти со ширина од 2cm и ги додаваме во филот.
  4. Смесата ја сипуваме во калап за мафини.
  5. Ставаме сусам одозгора и печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Повеќе на Gotvi.mk:

Посни банана мафини

Мафини со кокос

Брзи мафини – крофни со сирење

Едноставни и неодоливи мафини со сирење

Мафини со јајца на око

Чоколадни мафини

Вкусен дсерт: Лешник мафини

Проја мафини со сирење

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*