Пирошки со компир – Повкусни од сите кои сте ги пробале досега

Пирошки со компир – Повкусни од сите кои сте ги пробале досега

Направете вкусни пирошки од компир кои се совршено предјадење или мезе за вас и вашето семејство.

Ова е рецептот, како и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 1 квасец
  • 200 мл млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • 400 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка вегета
  • 2 жолчки
  • 200 гр варен компир

Состојки за фил:

  • 1 кромид
  • 1 лук
  • 3 домати
  • 100 гр суво димено месо
  • 100 гр сирење
  • маслиново масло
  • оригано
  • 2 белки
  • презла

Начин на подготовка:

  1. Прво ставете го квасецот со млекото, шеќерот и две лажици брашно, измешајте и оставете да нарасне.
  2. Направете тесто со останатите состојки за тесто, смесата со квасец и сварениот компир.
  3. Оставете да нарасне тестото, околу половина час.
  4. Развлечете кора, исечете форми на плех.
  5. Подгответе па ставете по малку фил на секоја форма од тесто. За филот се динстаат лукот и кромидот, се ставаат зачините, се додава изренданиот домат, сувото месо на коцки, потоа сирењето и така се полнат пирошките.
  6. Обликувајте пирошки, притиснете ги на краевите за да не истечат, па убаво поминете ги во белка и презла.
  7. Испржете на масло, па исцедете ги на салфетка.

Повеќе на Gotvi.mk:

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Лазања пирошки

Пица пирошки

Најбрз рецепт за пирошки

Пирошки со сирење

Најдобар рецепт за пирошки

Пирошки кои се топат во уста

singlepost_text