Шарлота торта со чоколадо

Шарлота торта со чоколадо

Вкусна Шарлота торта со чоколада за љубителите на слатки и торти. Ќе ви ги разбуди сите сетила.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 120 гр чоколадо за готвење
  • 150 гр шеќер
  • 80 мл млеко
  • 6 јајца
  • 350 гр путер
  • 200 гр шеќер во прав
  • прстофат сол
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 пакување пишкоти
  • 240 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Чоколадото се топи на пареа.
  2. Во сад се става шеќер со жолчките и млеко, а кога се ќе се измати се додава и чоколадото, па заедно се вари со постојано мешање се додека не стане смесата изедначена и густа.
  3. Добро изматете го путерот, додајте 80 гр шеќер во прав и измешајте. Потоа додајте ја сместаа од чоколада и се изматете убаво.
  4. Изматете ги белките со малку сол додека не добиете цврст снег. Постепено додајте го преостанатиот шеќер во прав, а кога ќе се соедини се, помешајте ја оваа смеса со смесата со чоколада.
  5. На крај се додава и екстрактот од ванила со што добивате фил.
  6. На тркалезен плех се ставаат пишкоти, па фил, па преостанатите пишкоти.
  7. Оставете да се олади преку ноќ, па послужете.
  8. Може да украсите по избор, со чоколодо или шлаг.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Брза и вкусна еклер торта

Чоколадна торта готова за само 20 минути

Највкусна торта од бело чоколадо

Розен торта со многу ореви

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути