Направете вкусни варени јајца со фил од кој застанува здивот.
Ова е рецептот:
Состојки:
- 4 варени јајца
- 100 гр Пекабеско шунка
- 1 шолја Пекабела кисела павлака
- 2-3 кисели краставички
- мајонез
- сол
Начин на подготовка:
- Јајцата се варат во врела вода, потоа се ставаат во ладна вода, па се лупат.
- Се сечат на пола и се вади жолчката од нив.
- Жолчките кои сте ги извадиле соединете ги со павлаката, киселите краставички кои ситно ќе ги исечете, малку мајонез, ситно исечканата шунка, се измешајте и со смесата полнете ги белките.
- Над нив ставете сол.
- Послужете откако ќе отстојат малку во фрижидер.
- СОВЕТ: Декорирајте со магдонос за поубав изглед.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот?
ВИДЕО: Ова се прави од картон од јајца
ВИДЕО: Дали досега погрешно сме ги пржеле јајцата?
ВИДЕО: Шест одлични готварски трикови
ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца