Тестенини со туна: Посно јадење полно со омега 3 киселини

Тестенини со туна: Посно јадење полно со омега 3 киселини

Изберете ги омилените тестенини, додајте праз, варени домати, конзерва туна и преубавиот оброк е спремен!

Состојки:

  • 300 гр тестенини
  • 1/2 праз
  • маслиново масло
  • 100 мл варени домати
  • зачин
  • сол
  • бибер
  • 1 конзерва туна

Начин на подготовка:

  1. Згответе тестенини и исцедете ги. На масло пропржете го празот убаво да омекне, додајте зачин, сол, бибер, варени домати и оставете да крчка и да испари течноста. 
  2. На крај додајте туна па и неа малку издинстајте ја. 
  3. Ставете го сосот преку тестенините и уживајте во секој залак.

 

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

singlepost_text