Печен карфиол: Толку добро и вкусно, а едноставно јадење!

Печен карфиол: Толку добро и вкусно, а едноставно јадење!

Ако не знаете што да подготвите за ручек за своите најблиски, еве феноменално јадење кое можете да го послужите и како главно и како прилог.

Состојки:

  • 1 кг карфиол
  • 2 јајца
  • 200 гр павлака
  • 150 гр кашкавал
  • 2 моркови
  • 1 цвекло
  • сув зачин
  • мајчина душица
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Карфиолот, морковите и цвеклото обварете ги околу 5 минути. Во павлаката додајте две јајца, зачин и исечкајте мајчина душица, па сè измешајте. Половина од кашкавалот исечкајте го на ленти, па ставете го во карфиолот, само внимавајте карфиолот да не пукне. 
  2. Цвеклото излупете го, малку засечете го до половина, па и во него ставете малку кашкавал. 
  3. Премачкајте го карфиолот со павлака и нарендајте кашкавал. И морковите и цвеклото прелијте ги со павлака и преку нив ставете рендан кашкавал. 
  4. Печете на 200 степени околу 30 минути убаво да порумени. Послужете како главно јадење или како прилог.

 

Добар апетит!

Деталите за начинот на подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

singlepost_text