Крцкаво и вкусно: „Карамел обланди”

Крцкаво и вкусно: „Карамел обланди”

Направете вкусен десерт со обланди. Тајната е во вкусот на филот кој не се заборава, а шири и неверојатна миризба.

Ова е рецептот:

Состојки.

  • 1 пакување обланди
  • 200 гр карамел бонбони
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја млеко
  • 200 гр мелени бисквити
  • 250 гр маргарин

Подготовка:

  1. Сите состојки освен обландите се ставаат во сад на оган да се растопат. Прво се става маргаринот, па карамелите, бисквитите, млекото и шеќерот.
  2. Се убаво се меша и се соединува.
  3. Кога ќе се олади смесата се филуваат обландите и се редат една на друга.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта