Вкусни и брзи пица сендвичи за појадок кои се топат во уста. Вашиот дом ќе замириса и сите ќе ги намами на трпеза.
Ова е рецептот и начинот на кој се подготвуваат:
Состојки:
- 5-6 парчиња леб
- Пекабеско шунка или кулен
- кашкавал
- 1 павлака за готвење
- 1 јајце
- маргарин или путер
Начин на подготовка:
- Парчињата леб ги премачкуваме со маргарин или путер, за да омекнат при печењето.
- Ги ставаме во подмачкан плех за печење, а во меѓувреме ситно ги сечеме кашкавалот и саламата (количина по вкус) и ги мешаме со сите останати состојки во еден сад.
- Нанесуваме од смесата врз лебот.
- Ставаме да се печат дваесетина минути на 180 степени.
Добар апетит!
Повеќе на Gotvi.mk:
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки