Мали, брзо, вкусни и лесни солени бомбици од мортадела. Вкусот им е совршен.
Ова е подготовката со потребните намирници:
Состојки:
- 200 гр мортадела
- 100 гр средина од леб
- 1 шолја млеко
- 2 лажици рендан пармезан
- 1 јајце
- презла
- сол
- бибер
- масло за пржење
Начин на подготовка:
- Средината од лебот исечете ја на ситни коцки, ставете ја во длабок сад, па ставете млеко, за да го впијат.
- Исецкајте ја мортаделата исто така на коцки.
- Во друг сад со чинија изматете го јајцето, ставете ја мортаделата, лебот, бибер и сол.
- Со рака обликувајте топчиња.
- Ставете ги во презла и пржете ги во загреано масло додека не поруменат.
- Ставете ги на хартија за да ја впие маснотијата.
Добар апетит!
Повеќе вести на Gotvi.mk:
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи