Пилешко со јаболка и суви сливи

Пилешко со јаболка и суви сливи

Со додавање на јаболка и сливи месото добива сосема поинаков вкус. Наместо сливи, можете да пробате и со смокви или кајсии.

Состојки:

  • 1 кг пилешко бело месо
  • 1 главица кромид
  • 2 јаболка
  • 8 суви сливи

Начин на подготовка:

  1. Исечете го белото месо на ситни парчиња. Исчистете го кромидот. Измијте ги јаболката, пресечете ги на четвртини и извадете ги петелките и коските. 
  2. Исечкајте кромид на ситно и пропржете го на масло додека не стане стаклест. Додајте месо и пропржете го. Посолете (или додајте зачин), додајте јаболка и сливи и налијте половина чаша вода. Динстајте во поклопен сад 15 минути. Долијте вода ако испари. 
  3. Сервирајте го пилешкото заедно со јаболката, сливите и течноста од пржењето. Посипете со ситно сечкан магдонос.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text