Направете вкусна еклер торта. Сите ќе сакаат репете.
Ова се потребните намирници и подготовката:
Состојки:
- 2 кеси пудинг од ванила
- 750 мл млеко
- шеќер
- 1 шолја хопла
- бисквити
Состојки за глазура:
- 1/3 шолја какао
- 1 шолја шеќер
- 1/4 шолја млеко
- 110 гр путер
- 1 лажица екстракт од ванила
Начин на подготовка:
- Се прави пудингот на вообичаен начин со млеко и шеќер според упатството на кесичката, а потоа се меша со изматена хопла.
- Во сад се редат бисквити, па врз нив филот од пудинг, така сè додека имате материјал.
- Се мешаат во тенџере сите состојки за глазурата, какаото, шеќерот, млекото, путерот и екстрактот од ванила. Глазурата се става одозгора.
- Нека се разлади убаво во ладилник. Потоа послужете и уживајте.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути