Ако сте заситени од подготовката од руска, пилешка или други салати кои најчесто ги јадеме, ви нудиме нов вкус.
Економична, брза и лесна салата, а ова е се што ви е потребно:
Состојки:
- 4 компири
- 3 моркови
- 4 јајца
- 200 гр шунка Пекабеско
- 120 гр кисели краставички
- 200 гр мајонез
- 200 мл кисела павлака Пекабела
- малку бибер
Начин на подготовка:
- Компирите се мијат, па се варат со лушпата, потоа се цедат и се ладат. Се лупат и рендаат од крупната страна на рендето.
- Морковите се лупат и обаруваат, па исто така се рендаат на ренде.
- Киселите краставички и шунката исто така се рендаат, заедно со варените јајца.
- Во чинија се соединуваат сите состојки, па се додаваат мајонез, павлака и бибер по вкус.
- Полека се меша за да се добие хомогена смеса. Ставете ја да отстои во фрижидер и потоа послужете ја салатата.
Добар апетит!
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Свежа крем салата – евтина, а толку добра
Неодолива крем салата (РЕЦЕПТ)
Оризот не е само за ручек – направете ориз салата, кремаво и евтино
Руска салата без мајонез и шунка: Најздравиот прилог за свечен ручек!
Најдобриот рецепт за руска салата
Руска салата со нови состојки – ќе се воодушевите
Ќе заборавите на руска и пилешка – за оваа салата долго ќе се зборува
Царица на салатите: Зимска салата повкусна од руска и пилешка