Вкусно јадење: Компири со јогурт

Вкусно јадење: Компири со јогурт

За следниот оброк ви предлагаме да подготвите компири со јогурт.

Состојки:

  • 4 големи компири
  • 2 чешниња лук
  • 500 мл течен јогурт
  • зачин
  • сушен босилек
  • куркума
  • свеж магдонос
  • бибер
  • масло
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечете ги. Намастете ги и зачинете ги по желба. Добро измешајте и ставете ги во сад за печење.
  2. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час.
  3. Готовите компири посипете ги со ситно сечкан лук и прелијте ги со јогурт. Посолете и посипете со свеж магдонос. Вратете го садот во рерна уште неколку минути, а потоа послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text