Ако ви треба брз десерт за ненајавени гости, или пак нешто за уживање што брзо се спрема по напорниот работен ден, спасот се крие во рецепт за чоколадна торта готова за само 20 минути.
Ова се потребните состојки и подготовката:
Состојки:
- 2 јајца
- 50 гр какао
- 150 гр брашно
- сол
- 1 лажица прашок за пециво
- 70 гр шеќер
- 6 мали лажици кокосово масло
- 50 мл млеко
- 1/2 лажички екстракт од ванила
Начин на подготовка:
- Помешајте ги сите суви состојки, а потоа додадете ги и течните и се добро измешајте.
- Смесата ставете ја во помал калап за торта, и оставете да се пече 20 минути на 180 степени.
СОВЕТ: Кога ќе биде готова, врз тортата ставете растопено чоколад, со што вкусот ќе биде одличен.
На здравје!
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Вкусот на есента: Бомбици од дуња со кокос и ореви
Домашни крем банани – вкусот на детството
Торта која лесно се прави, а е апсолутен хит – Повкусна од Рафаело