Здрави и вкусни бомбици на кои им нема замена.
Ова е сè што ви е потребно, како и подготовката на рецептот:
Состојки:
- 300 гр бисквити
- 1/2 шолја мелени бадеми
- 1/2 шолја мелени кикирики
- 1/2 шолја сечкани смокви
- 4 лажици какао
- 100 гр путер
- 1/2 шолја кокос
- 1/2 шолја мелени ореви
- млеко по потреба
Начин на подготовка:
- Бисквитите се мелат заедно со сите состојки и се ставаат во поголем сад.
- Се топи путерот и се додава во смесата.
- Се меша сè и се додаваат 2-3 лажици млеко.
- Се обликуваат топчиња и убаво се поминуваат во кокос, мелени бадеми и ореви.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Домашни крем банани – вкусот на детството
Торта која лесно се прави, а е апсолутен хит – Повкусна од Рафаело