Вкусен ручек на трпеза, сочни плескавици од пилешко и компири.
Ова е рецептот:
Состојки:
- 500 гр компир
- 250 гр пилешко филе
- масло
- 1 јајце
- 100 гр презла
- 1 главица кромид
- 4 чешниња лук
- 1 лажиче црвена пиперка
- цол и бибер
- магдонос
Начин на подготовка.
- Пилешкото месо се меле, компирот се вари со лушпа, се лупи, па се ситни со вилушка.
- Се додаваат сечканите лук и кромид, црвен пипер, сол и бибер, јајце, малку магдонос и 4-5 лажици презла.
- Смесата се меси со раце и се прават топчиња. Се прават мали плескавици со натапкување во раката.
- Загрејте масло во тава, па секоја плескавица извалкајте ја во презла и пржете додека не порумени.
- Ставајте ги плескавиците на хартија, за да ја впие маснотијата од нив.
Послужете ги топли како прилог или главно јадење.
СОВЕТ: Кога ќе ги правите плескавиците, ставете масло на рацете за да не се лепат.
Добар апетит!
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Однадвор крцкав, внатре како путер – Трик за совршено печен компир
Повкусно од кашкавал и зденка: „Поховани компири”
Вкусен компир деликатес со зеленчук и кашкавал
Компири со сланина, кромид и морков
Има една „цака” за компирот да се свари побрзо
Мусака без месо – компир рецепт кој е полн погодок