Нов и посебен рецепт за гибаница кој ќе ви стане омилен.
Ова се состојките што ви се потребни:
Состојки:
- 1 пакување готови кори за пита
- 200 гр сирење
- малку брашно
- малку презла
- 2 јајца
- масло
Подготовка:
- Се крши едно јајце, се мати со вилушка и се додава сирењето, па се соединува смесата.
- Првата кора се шири, малку и се става масло, па се става друга над неа, па на средината фил.
- Направете ролчничка од кората, и така направете со сите кори додека имате фил.
- Секоја ролничка убаво поминете ја во сад со брашно, па јајце, па презла и испржете ја на масло.
- Ставетеги ролничките на салфетка да ја впијат маснотијата.
- Сервирајте со јогурт, павлака или кисело млеко.
Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:
Оригинален рецепт за гибаница со сирење и кајмак
ДОМАЌИНКИТЕ СЕ ВООДУШЕВЕНИ: Похована гибаница каква што не сте пробале (ВИДЕО)
Вистински хит, ова не сте го јаделе: „Гибаница-прженица”
БАБА ЗНАЕ НАЈДОБРО: Гибаница без кори – СОВРШЕНО