Направете вкусни топчиња од дуња за сечиј вкус. Брз и лесен рецепт за сечиј џеб.
Ова се потребните намирници и начинот на подготовка:
Состојки.
- 1 кг дуњи
- 500 гр шеќер
- 1 лимон
- 50 гр кокос
- 50 гр мелени ореви
Начин на подготовка.
- Дуњите се мијат убаво и се рендаат на крупната страна на рендето.
- Се варат во малку вода, па кога ќе омекнат, се цедат и се додаваат сокот од лимон, шеќерот и само малку од водата во која се вареле.
- Оладете ги и направете топчиња.
- Убаво поминете ги во кокос и ореви.
Уживајте во овој вкусен десерт и новитетот на вашето мени 🙂
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Домашни крем банани – вкусот на детството
Торта која лесно се прави, а е апсолутен хит – Повкусна од Рафаело