Пилешко со шампињони и праз

Пилешко со шампињони и праз

Едноставно, а вкусно!

Состојки:

  • 300 гр бело пилешко месо
  • 4 чешниња лук
  • 1 праз
  • 400 гр шампињони
  • сол
  • мелен бибер
  • мешавина од зачини
  • кари
  • 5 полни лажици кисела павлака Пекабела
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото месо исечкајте го на ситни коцки. Загрејте масло во тава, додајте го месото, посолете и пржете со повремено мешање додека месото не побели.
  2. Додајте изгмечен лук, сечкани шампињони и сечкан праз.
  3. Пржете без додавање вода додека зеленчукот и месото не омекнат и сета течност не испари.
  4. Зачинете по вкус со кари, мешавина од зачини и мелен бибер.
  5. Тргнете го од оган, па додајте павлака. Измешајте убаво да се соедини. Послужете топло.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*