Највкусна торта од бело чоколадо – Рецепт кој стана хит

Највкусна торта од бело чоколадо – Рецепт кој стана хит

Направете брза и вкусна торта. Ова е вистинско уживање за сите љубители на белото чоколадо.

Ова се потребните намирници и начинот на кој тортата се подготвува:

Состојки за кора:

  • 15 белки
  • 375 гр шеќер
  • 375 гр мелени лешници, бадеми или ореви

Состојки за фил:

  • 15 жолчки
  • 15 лажици шеќер
  • 375 гр путер
  • 150 гр бело чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Жолчките се растопуваат со шеќерот на пареа, додека не добиете густа смеса. Смесата ја оставате да се лади.
  2. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени, па земете плех и премачкајте го со путер или маргарин. Ставете хартија за печење, па уште малку маргарин или путер.
  3. Направете три кори – секоја од 5 белки, 125 грама шеќер и 125 грама лешници, бадеми или ореви, во зависност од тоа што сте одбрале.
  4. Белките се матат со прстофат сол за да станат пенасти, па се додава шеќерот, а потоа и бадемите, лешниците или оревите.
  5. Првата кора се става на плехот и се пече 20тина минути, додека не почне да се одвојува.
  6. Потоа кората се вади и се трга хартијата за печење од неа.
  7. За следната кора повторно ставете ја истата хартија, а постапката повторете ја и за третата. Секоја се пече исто.
  8. Кога жолчките ќе се изладат се матат со путерот, а белото чоколадо се топи на пареа, па се соединува со жолчките и путерот.
  9. Се премачкуваат корите, се ставаат една врз друга, па се премачкува целата торта.
  10. Украсете по желба.

Уживајте во овој богат вкус 🙂

Прочитај повеќе вести:

Торта која лесно се прави, а е апсолутен хит – Повкусна од Рафаело

Розен торта со многу ореви

Фантастична урнебес торта

Чоколадна торта со ореви

Направете совршена декорација за на торта

Неодолива торта со кафе и бадеми

Ароматична торта: Десерт со тиква кој им успева на сите

Ароматична есенска торта со тиква

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*