Совршен оброк за цело семејство!
Состојки:
- 1/2 главица слатка зелка
- 250 гр мелено месо
- 150 гр сува сечкана сланина
- 1 сечкан праз
- 1 сечкан морков
- 1 зелена пиперка, сечкана
- 3 јајца
- 200 гр павлака
- 100 мл јогурт
- 3 чешниња лук
- сув зачин
- пипер
- лута пипер
- бибер
- сол
Начин на подготовка:
- На масло пропржете ситно сечкана сланина па додајте праз, моркови и пиперка. Кога ќе се пропржи додајте мелено месо, лук, зачин, бибер и пипер. Сè измешајте и тргнете од шпорет. Во друг сад ставете малку масло во исечкана зелка. Додајте сол, па добро изгмечете, потоа додајте бибер и ставете во тенџере убаво да се пропржи и омекне.
- Сега рердете мусака во огноотпорен сад. Прво дното малку намастете го па додајте половина од пржената зелка, а потоа ставетe го целиот фил и остатокот од зелката и сè убаво изедначете. Разматете јајца, додајте павлака и јогурт и прелијте преку зелката.
- Додајте малку рендан кашкаал и листови сува сланина по вкус. Печете на 200 степени околу 40 минути. Во текот на печењето покријте со фолија.
Деталите од подготовката погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Леонардо ди Каприо – Еве која диета ви ја препорачува
Северина со нов спот, а ние ве потсетуваме која диета ја држеше кога беше бремена
Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!
Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета