Толку вкусна гибаница немате пробано…
Состојки:
- 1 кг брашно
- маст
- 500 гр сирење
- 500 гр кајмак
- 10 јајца
- млеко
Начин на подготовка:
- Замесете смеса од брашно и солена вода и додајте малку маст.
- Од смесата издвојте 24 кори и развлечете ги со сукало, а потоа премачкајте ги со маст и печете по две.
- Подгответе фил од сирење, кајмак и жолчки. Направете цврст снег од белки и измешајте го со претходната смеса. Додајте малку маст и млеко.
- Намастете тепсија со маст, а потоа наредете ги печените кори кои претходно се натопени со фил.
- Подготвената гибаница ставете ја да се пече во рерна на 180 степени.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана