Потпечен зеленчук со макарони

Потпечен зеленчук со макарони

Многу брзо до комплетно јадење со кое не треба ниту прилог ниту салата.

Состојки:

  • 300 гр макарони
  • сол
  • 250 гр брокули
  • 250 гр моркови
  • 3 домати
  • 1 тиквица
  • 1 главица кромид
  • 1 лажичка путер
  • 4 јајца
  • 200 мл млеко
  • 100 гр рендано гауда сирење
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Згответе ја пастата по упатството на пакувањето. Исчистете го и иситнете го зеленчукот. Брокулите исцепкајте ги на цветови, морковите, тиквиците и доматите исечете ги на кругови. Бланширајте ги брокулите околу 3 минути и процедете. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Исечкајте кромид и продинстајте го на путер. Додајте моркови, долијте малку вода и крчкајте 5 минути.
  3. Измешајте го зеленчукот и резанците, па префрлете ги во намастен плех.
  4. Разматете јајца, млеко, половина од сирењето, малку сол и бибер. Прелијте го јадењето со смесата и посипете со останатото сирење. Печете 30 минути и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text