Оризот може да се подготви и вака: Вкусна крем чорба

Оризот може да се подготви и вака: Вкусна крем чорба

Направете вкусна крем чорба од ориз, која е совршена за есенските и зимските денови, а идеална и за најмалите членови на семејството.

Тие особено ќе ја сакаат. Ова е тоа што ви е потребно:

Состојки:

  • 100 гр ориз
  • 3 лажици масло
  • 1 лажица брашно
  • 2 моркови
  • 2 дл млеко
  • 1 јајце
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Се става оризот во 2 дл вода да се вари и се посолува. Откако ќе биде готов, се процедува, но водата од варењето не се фрла. Оризот се блендира.
  2. Во шерпа се ставаат масло и брашно, малку се пропржуваат, па се додава водата од оризот и се остава малку да врие.
  3. За тоа време се рендаат и морковите, се додаваат во водата да се варат околу 15 минути. Потребно е да омекнат како за супа.
  4. Во шерпата или тенџерето потоа се додаваат зачини по вкус а на крај и блендираниот ориз.
  5. Додека чорбата да зоврие, се мати јајце со млекото и се додава во чорбата, се остава кратко да покрчка и потоа се послужува.

Имајте добар апетит 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Чорба од маринирани печурки

По старски рецепт: Банатска компир-чорба со варени јајца

Чорба од праз, гриз и печен домат (ВИДЕО)

Пилешка чорба по старски рецепт

Компир чорба, брза и вкусна

Топла чорба е знак на есен: Направете ја највкусната

Доста е од пржен, варен и печен компир: Направете кремаста компир чорба

Крем чорба од печурки

singlepost_text