Компири полнети со печурки: Толку вкусно јадење немате пробано

Компири полнети со печурки: Толку вкусно јадење немате пробано

За следниот ручек подгответе го ова вкусно јадење – ќе бидете воодушевени!

Состојки:

  • 400 гр печурки лисичарки
  • 8 компири
  • 100 гр кромид
  • 50 гр праз (само белиот дел)
  • 100 мл павлака Пекабела
  • 1 лажичка брашно
  • 20 мл масло
  • 50 гр путер
  • 1 веза магдонос
  • 1 чешне лук
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги печурките, исушете ги и исечете ги на листови. Кромидот и празот ситно исечкајте ги, ставете на масло со малку доливање вода. Кога кромидот ќе омекне, додајте печурки и гответе додека течноста не испари. Посолете и побиберете по вкус, додајте брашно измешано со павлака, сечкан магдонос и сечкан лук.
  2. Компирите излупете ги и измијте ги. Отстранете ги долните делови одкомпирите за остатокот да стои рамно. 
  3. Така подготвените компири наредете ги во тепсија и печете ги во печка, но внимавајте да не се распаднат или да не се препечат. 
  4. Печените компири извадете ги од печка и изладете, а со лажица издлабете ја средината, малку посолете и ставете во секој компир по лист путер, наполнете ги со фил и повторно запечете.

Добар апетит!

Повеќе на Gotvi.mk:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*