ВИДЕО: Исчистете ја решетката од шпоретот без мака

ВИДЕО: Исчистете ја решетката од шпоретот без мака

Ако чистењето на шпоретот и решетките од рерната досега ви беше „ноќен кошмар“, треба да го пробате ова едноставно решение.

Потребно ви е:

  • поголема крпа
  • детергент за алишта или сода бикарбона
  • тегличка
  • гумена ракавица
  • сунѓер за миење садови или стара четкичка
  • топла вода
  • поголем сад (може и во кадата во тоалетот)

Постапка:

  1. Ставете ја крпата на дното од кадата или во поголем сад.
  2. Решетките од рерната распоредете ги на крпата. Кадата затворете ја, а потоа наполнете топла вода. Количината на вода е доволна кога решетките се убаво потопени.
  3. Во тегличка растворете го детергентот или содата бикарбона, па ставете го во водата.
  4. Оставете ги решетките да стојат така околу 4 часа, а потоа истријте ги со сунѓерот или со четкичката. Ќе заблескаат!

За најдобро да видите како се прави тоа, препорачуваме да издвоите неколку минути и да го погледнете видеото од кое откривме како најлесно може да ги исчистите решетките од рерната:

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите

БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*