Дечиња во градинка заедно со „Петко“ учат за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење

Дечиња во градинка заедно со „Петко“ учат за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење

Проектот „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење“ кој го спроведува компанијата Суниленс во соработка со ОХО Еко-училиште/Еко-градинка продолжува со полна пареа.

Минатата недела беше организирана уште една одлична презентација пред родителите и дечињата во еден од објектите на Градинка Орце Николов во Карпош 4.

„Успеавме да поделиме и преку 20 кантички за собирање на отпадно масло за јадење. Голема благодарност до сите родители кои решија да земат учество во акцијата за собирање на отпадно масло од домаќинствата како и до директорката на градинката „Орце Николов“ и персоналот“, напишаа од Суниленс на својата Facebook страна.

Овој Проект на Суниленс и ОХО во пилот фаза започна минатиот месец, а по извршени анализи и следење на примерите за еко едукација уште од најрана возраст во западните земји. Проектот е насловен „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење“, а во оваа пилот фаза се спроведува во детските градинки „Орце Николов“ во општина Карпош и „Корчагин“ во општина Центар.

Проектот има за цел да ја доближи темата за екологија – собирање и рециклирање на отпадни масла за јадење – до децата уште од најмала возраст. Предвидени се неколку фази на директна едукација на најмладите преку специјално дизајнирани еко материјали со ликот на Петко и едукативни активности со наставничките, како и организирање на еко акции за собирање на отпадно масло од родителите.

„Веќе ги направивме првите презентации пред родителите и децата во дел од објектите на градинките и ги поделивме првите кантички за собирање. Нашата цел е по реализацијата на овој еко едукативен проект, оваа активност да продолжи на долготраен рок и да ја прошириме и во другите градинки низ градот Скопје, а потоа и во основните и средните училишта“, истакнуваат од Суниленс.

Исто така, сите заинтересирани граѓани можат да се вклучат во еко акција за собирање на отпадните масла за јадење од нивните домови со јавување на телефонските броеви 02/2650-100 или 070/264-444, како и со пополнување на контакт формата достапна на следниот ЛИНК

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Рециклирај и донирај: Собирање на отпадно масло од домаќинства

Од отпадно масло до енергија – Вклучи се во еко акцијата на Суниленс

За маслото да не прска при пржење – има лесен трик, нема да се горите повеќе

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат