Чоколадни кифлички – Совршени со шолја кафе

Чоколадни кифлички – Совршени со шолја кафе

Направете вкусни чоколадни кифлички, евтино и брзо. 

Ова е тоа што ви треба, како и начинот на подготовката:

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 250 мл вода
  • 20 гр квасец
  • 50 мл масло
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • 100 гр еурокрем
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 2 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Во млака вода се топи квасецот со 1 лажица шеќер и една лажица брашно, па се остава да нарасне.
  2. Остатокот од брашното се става во сад, се додаваат надојдениот квасец, маслото и ванилиниот шеќер. Замесете лесно тесто кое се остава да нарасне.
  3. Тестото се премесува и се дели на три дела. Од секој дел направете голема кора, па пресечете ја на 8 дела.
  4. На секој се става малку еурокрем и се витка во форма на кифла.
  5. Се ставаат кифлите во плех и се печат во рерна на 180 степени во времетраење од 20 минути. Се топи чоколадо и се прелеваат одозгора.

Повеќе детали погледнете во ова видео:

На здравје кафе уживање 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Розен торта со многу ореви

Фантастична урнебес торта

Чоколадна торта со ореви

Направете совршена декорација за на торта

Неодолива торта со кафе и бадеми

Ароматична торта: Десерт со тиква кој им успева на сите

Ароматична есенска торта со тиква

Торта од костени и чоколадо – 30 минути, без печење, нема мака

singlepost_text