Торта која лесно се прави, а е апсолутен хит – Повкусна од Рафаело

Торта која лесно се прави, а е апсолутен хит – Повкусна од Рафаело

Направете вкусна торта за роденден, посебна пригода или за уживање со семејството и пријателите. За сите кокос љубители. Еве што се ви е потребно и како се подготвува:

Состојки:

  • 1 л млеко
  • 2 пудинзи од ванила
  • 250 гр шеќер
  • 3 ванилин шеќер
  • 1 чоколадо за готвење
  • 200 гр мелени лешници
  • 200 гр кокос
  • 200 гр мелени бисквити
  • 1 кутија бисквити
  • 2 шлаг пени
  • 250 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Пудингот се спрема според упатството на кесичката, со млеко и шеќер.
  2. Одделете неколку лажици млеко за да го разматите пудингот, додадете шеќер, па потоа ставете го во зовриено млеко.
  3. Кога ќе се излади смесата се ставаат трите пакувања ванилин шеќер и маргарин, па се дели смесата на три дела.
  4. Во првиот дел се додава стопена чоколада со лешници, во другиот дел кокос, а во третиот мелените бисквити.
  5. Се редат бисквити, па првиот фил со чоколадата и лешниците. Потоа наредете ги бисквитите, па вториот фил со кокос, повторно бисквити и на крај третиот фил со мелените бисквити.
  6. Се украсува тортата по избор.

Уживајте!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Розен торта со многу ореви

Фантастична урнебес торта

Чоколадна торта со ореви

Направете совршена декорација за на торта

Неодолива торта со кафе и бадеми

Ароматична торта: Десерт со тиква кој им успева на сите

Ароматична есенска торта со тиква

Торта од костени и чоколадо – 30 минути, без печење, нема мака

singlepost_text