Повкусно од секое мезе: Пилешки стапчиња со сусам

Повкусно од секое мезе: Пилешки стапчиња со сусам

Направете вкусни пилешки стапчиња со сусам кој ќе го надополни нивниот вкус. Одлично во комбинација со пријатели и пиво, за ручек кој може да го искомбинирате со компири, како и вкусно мезе.

Ова е сè што ви треба, како и начинот и подготовка:

Состојки:

  • 500 гр пилешко филе
  • 100 гр сусам
  • 70 мл соја сос
  • 2 лажици мед
  • 1/2 лимон

Начин на подготовка:

  1. Маринадата за месото се спрема од претходната вечер, пред пржењето на месото, за да отстои неколку часа во ладилник. Повеќе предлог рецепти за маринада прочитајте ТУКА
  2. Пилешкото филе се сече на стапчиња, но не премногу тенки, се става во сад и се прелева со соја сос, мед и лимон, како и со маринадата приготвена од претходната вечер.
  3. Месото, вака покриено, се остава во фрижидер да отстои околу половина час.
  4. Пред пржењето секое стапче убаво се поминува во сусам, па се пржи во добро загреано масло на тава, додека стапчињата не добијат темно кафена боја.
  5. Потоа може да послужите.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Мезе, појадок или ручек: Шунка во леб, ова е деликатес

Совршено мезе: Крцкави стапчиња од тиквица

Необична пита со компир – брзо предјадење или мезе

Полпети од тиквици – вакво мезе не сте јаделе

Супер одат со тартар или кечап: Вкусно мезе од компир

ВИДЕО ХИТ: Прстени од тесто со сирење и лукче – мезе за оцена 10

„Сезамови стапчиња” – здраво и вкусно мезе

ПОВЕЌЕ ОД МЕЗЕ: Моцарела стапчиња, се прават за 5 минути