ОВОШНИ МАФИНИ: Меко тесто исполнето со топол фил и слатки праски!

ОВОШНИ МАФИНИ: Меко тесто исполнето со топол фил и слатки праски!

Сочни залаци кои тешко ќе ги заборавите!

Состојки за тесто:

  • 400-500 гр брашно
  • 30 гр квасец
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол
  • 300 мл млеко

Состојки за фил:

  • 1 пудинг од малини
  • 200 мл млеко
  • 2 лажици шеќер
  • 300 гр праски
  • 50 гр суво грозје

Начин на подготовка:

  1. Замесете тесто со квасец, шеќер, млеко и брашно, додајте малку сол. 
  2. Тестото мора да биде средно тврдо и глатко, оставете го да нарасне, па развлечете го на дебелина од 1 см. Со мала чаша вадете крофнички. Развлечете ги малку со рака и со нив обложете калапи за мафини. 
  3. На дното ставајте по 1 лажичка суво грозје. 
  4. Пудингот згответе го во млеко, а додајте шеќер по желба. Малку изладете го па ставајте по лажица во мафините преку сувото грозје. 
  5. Преку пудингот иситнете парчиња праски. Покријте малку да нарасне, па ставете во рерна на 200 степени околу 30 минути. 
  6. Украсете ги мафините со шеќер во прав во кој претходно сте додале малку ванилин шеќер.

Уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*