Доколку ви треба брз десерт за ненајавени гости, спасот се крие во рецептот за чоколадна торта која можете да ја направите за 20 минути…
Состојки:
- 2 јајца
- 50 гр какао прав
- 150 гр брашно
- малку сол
- 1 лажичка прашок за печиво
- 70 гр шеќер
- 6 мали лажички кокосово или билно масло
- 50 мл млеко
- 1/2 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
- Измешајте ги сувите состојки. Потоа додајте ги течните и сè добро измешајте. Смесата ставете ја во помал калап за торти и печете 20 минути во рерна на 180 степени.
- Доколку сакате, преку тортата можете да растопите чоколадо за готвење или да посипете шеќер во прав.
Уживајте!
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот