Сода бикарбона – замена за 8 скапи препарати за нега

Сода бикарбона – замена за 8 скапи препарати за нега

Оваа навидум обична состојка е всушност неорганска хемикалија која сè почесто се употребува во домашната козметика затоа што нема штетни дејства, а дава одлични резултати.

Ако сакате помека кожа и коса, побели заби и темелно негувани стапала, еве што треба да направите:

Нега на коса

Кога ја миете косата, во шампонот додајте ¼ лажичка сода бикарбона, која лесно ќе ги отстрани сите препарати за обликување кои сте ги нанеле на косата.

Антиперспирант

Ставете малку сода бикарбона под пазувите за да го неутрализирате непријатниот мирис на телото. Одлична алтернатива за антиперспирантите со алкохол.

Паста за заби

Помешајте малку сода бикарбона со 3% хидроген-пероксид и ќе добиете паста за заби која не содржи флуор.

Средство за миење на устата

Измешајте 1 лажица сода бикарбона со 2 дл вода и течноста добро промешајте ја. Исплакнете ја устата со неа и сите мириси ќе бидат неутрализирани, а бактериите уништени.

Пилинг за лице

Наместо да трошите пари за скапи препарати, промешајте сода бикарбона и вода во размер 3:1. Лесно тријте ја добиената пастата на кожата и измијте. Ова средство може да го користите секојдневно.

Купка

Додајте 1/2 шолја сода бикарбона во вашата купка за да ја неутрализирате киселоста на кожата, да ги исчистите маслата од неа и да ја осветлите.

Нега на стапала

Ставете 3 лажици сода бикарбона во леген со топла вода, ставете ги нозете и лесно измасирајте ги. Намачкајте се со крема или лосион за стапала и веднаш ќе ја забележите свежината.

Нега на раце

Прескокнете ги интензивните сапуни и нежно тријте ги рацете со сода бикарбона која ќе ги отстрани сите бактерии и непријатни мириси. Додадете неколку лажички сода бикарбона во сапунот, тоа е секогаш добра комбинација.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Како да ја отстраните бојата за коса која не ви се допаѓа?

Брз пилинг за меки усни – Ви требаат само 2 состојки

Како да ослабете до празниците?

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*