БРЗО И ЕДНОСТАВНО: Посни банана мафини

БРЗО И ЕДНОСТАВНО: Посни банана мафини

Посни и вкусни мафини од банани – ќе ги подготвите за миг!

Состојки:

  • 2 банани
  • 200 гр шеќер
  • 350 гр пченично брашно
  • 100 гр ржено интегрално брашно
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица прашок за печиво
  • сок од половина лимон

Начин на подготовка:

  1. Шеќерот и медот ставете ги во тенџере со 2-3 лажици вода. Бананите изгмечете ги, па додајте ги во шеќерот и медот, измешајте и ставете на рингла на ниска температура за шеќерот да се растопи. Потоа додајте прашок за печиво и измешајте, а смесата ќе биде бела и пенлива. Кога смесата ќе се излади, постепено додавајте ги двете брашна. Масата ќе биде леплива и не е потребно долго да се меси, колку да се соединат состојките.
  2. Со смесата полнете ги корпичките и печете 15 минути на 200 степени додека не порумени.


Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text