Лиснати ролни со пилешко и сланина

Лиснати ролни со пилешко и сланина

Превкусни ролни со пилешко и сланина – фантастичен предлог за совршен доручек или вечера.

Состојки:

  • 2 поголеми парчиња пилешки гради
  • 1 изрендано чешне лук
  • 3 тенки парчиња сланина Пекабеско
  • 4 исечкани сушени домати
  • 1 рака исечкани листови босилек
  • 375 гр лиснато тесто
  • 1 жолчка
  • 25 гр сусам

Начин на подготовка:

  1. Пилешките гради ситно исечкајте ги или сомелете ги со чешне лук.
  2. Во таа смеса додајте исечкана сланина, сушен домат и листови босилек. Добиената смеса добро разматете ја со миксер.
  3. Тестото за ролни развлечете го и во средина, по должина ставајте од смесата.
  4. Свиткајте го тестото и затворете го од страните. Исечете ролни.
  5. Ролните ставете ги во плех, премачкајте ги со јајце и посипете со сусам.
  6. Печете на 180 степени околу 20 минути додека ролните не поруменат.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text