За Шварцвалд тортата знае секој, а овој десерт се заканува да и го заземе местото…
Состојки:
- 200 гр чоколадо
- 100 гр бело чоколадо
- вишни од ракија или рум
- 2,5 дл слатка павлака
- мелени бисквити
- рум
Начин на подготовка:
- Во плех за мафини во секој калап ставете по некоја коцка црно и бело чоколадо, потоа ставете го плехот во рерна и оставете чоколадото да се растопи.
- Оставете го калапот целосно да се излади во замрзнувач, а потоа внимателно извадете ги растопените чоколада од калапот.
- Дното на секоја мафин корпичка посипете го со мелени бисквити и ставете по некоја вишна.
- Разматете слатка павлака со рум и ставете во корпичките.
- Остатоците од издробеното чоколадо забодете ги во корпичките и посипете со рендано чоколадо.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди