Брзи лиснати корпи со пилешко и печурки

Брзи лиснати корпи со пилешко и печурки

Вкусно предјадење, мезе или вечера. Направете вкусни лиснати корпички со пилешко и со шампињони.

Состојки:

  • 1 пакување смрзнато лиснато тесто (500гр)
  • 200 гр шампињони
  • 300 гр пилешко месо
  • 1 шолја павлака за готвење
  • 1 шолја млеко
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица маргарин
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • сол и бибер
  • други зачини по вкус

Подготовка:

  1. Пилешкото месо се сецка на мали парчиња, па се пропржуваат на загреан путер.
  2. Се додаваат шампињоните ситно исецкани, и се пржи уште 3-4 минути.
  3. Кога ќе изврие водата од шампињоните, додајте павлака за готвење и крчкајте уште некоја минута. Ставете сол и бибер, како и други зачини по вкус.
  4. Во шолја млеко разматете го брашното и потоа додајте го и магдоносот.
  5. Листатото тесто ставете го на маса, развлечете го колку можете потенко, па исечете кругови малку поголеми од калап за мафини, и редете ги во подмачканите калапи за мафини.
  6. Во секоја корпичка ставете од смесата.
  7. Исечете помали кругови од тестото кое преостанало и затворете ги корпичките во калапите, внимавајќи да не истече филот.
  8. Печете на загреана рерна на 220 степени околу 20-25 минути.

Добар апетит ви посакува Gotvi.mk 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

 

 

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*