Компири со сланина, кромид и морков

Компири со сланина, кромид и морков

Ароматични компири со кромид и моркови, со додаток на сланина. Послужете ги со кајмак и уживајте!

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 3 главици црвен кромид
  • 2 моркови
  • 1 лажичка црвена пипер
  • 1 чешне лук
  • рузмарин
  • сол
  • бибер
  • малку масло
  • чадена сланина Пекабеско
  • 30 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Една главица црвен кромид издинстајте со сланина на малку масло. Компирите излупете ги и исечкајте ги на кругови. Морковите излупете ги и исто така исечкајте ги. 
  2. Во огноотпорен сад на дното наредете пропржен кромид и сланина. 
  3. Компирите намастете ги и наредете ги во круг, наизменично со кромид и сланина. Растопете го путерот, додајте пипер и лук. Со смесата премачкајте ги компирите. 
  4. На крај посолете и побиберете. На врвот ставете рузмарин. 
  5. Првите 20 минути печете ги компирите прекриени, а потоа уште приближно 30 минути, додека компирите убаво не се запечат.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*