Чоколаден колач без јајца, готов за миг: Рецепт кој им успева на сите!

Чоколаден колач без јајца, готов за миг: Рецепт кој им успева на сите!

Може да го направи секој – овој колач освојува на првиот залак…

Состојки:

  • 1 чаша брашно
  • 1 чаша гриз
  • 1 чаша кокос
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр чоколадо
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 100 гр сечкани желе бонони
  • 50 мл масло
  • 3 лажици сок од лимон
  • 200 мл врело млеко
  • 2 лажици џем

Начин на подготовка:

  1. Во чинија ставете брашно, гриз, кокос, шеќер, ванилин шеќер, прашок за печиво, сечкани желе бонбони, масло, 100 гр растопено чоколадо, сок од лимон и млеко.
  2. Сè добро изедначете и ставете во намастен плех. Печете на 200 степени околу 30-40 минути. 
  3. Врелиот колач премачкајте го со џем, а кога малку ќе се излади премачкајте го со растопено чоколадо. 
  4. Кога ќе се излади, пресечете, послужете и уживајте!

 

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

singlepost_text