Тава деликатес: Запечени тиквички

Тава деликатес: Запечени тиквички

Направете вкусен лесен ручек или прилог за некое јадење со тиквички.

Состојки:

  • 700-800 гр тиквички
  • неколку лажици масло
  • 1 лажиче сол
  • малку бибер
  • 250 мл неутрална павлака
  • 100 гр рендан кашкавал
  • малку брашно

Подготовка:

  1. Тиквичките ги лупиме, ги сечеме на кругови, им ставаме сол и бибер и ги оставаме 5 минути да отстојат.
  2. Потоа, секое парче се валка во брашно, и кратко се пржи на тава со масло.
  3. Се ставаат тиквичките во огноотпорен сад, па врз нив се става павлаката која претходно ќе ја разматиме, а потоа најодозгора кашкавалот.
  4. Се пече на 220 степени околу 20 минути.
  5. Уживајте, добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

 

 

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*