Повкусни се од кифлички: Бомбици од тесто

Повкусни се од кифлички: Бомбици од тесто

Од бомбици никогаш доста, овој пат ви нудиме нешто вкусно,  брзо и лесно, во солено издание.

Состојки:

  • 500 гр брашно тип 400
  • 250 мл јогурт
  • 20 гр квасец
  • 1 јајце
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • 50 мл масло
  • За горе:
  • 1 јајце
  • 50 гр сусам

 

Подготовка:

  1. Се просејува брашното, јогуртот се затоплува, се растопува квасецот со шеќер во него, се додава и лажица брашно и се меша.
  2. Во сад се ставаат половина од брашното, сол, јајце и масло, а на крај и квасецот. Се меси тесто постепено додавајќи го остатокот од брашното.
  3. Тестото се покрива со фолија па нараснува околу 30 минути.
  4. Тестото по 30 минути се премесува, се прават топчиња, секое се става во разматено јајце, па во сусам.
  5. Се редат на плех со хартија за печење и се печат на 200 степени околу 30 минути додека не поруменат.
  6. Послужете ги со јогурт.

 

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите

БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

 

 

singlepost_text