Посебен колач „Јајце на око”

Посебен колач „Јајце на око”

За 45 минути во вашата кујна ќе спремите колач кој носи чудно име Јајце на око, но е многу вкусен и посебен.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 250 гр шеќер
  • 2 кеси ванилин шеќер
  • 200 мл млеко
  • 200 мл масло
  • 300 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • рендана кора од лимон
  • 700 мл млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 1 лажица густин
  • 8 лажици шеќер
  • 200 гр маргарин
  • 100 гр шеќер во прав
  • 200 мл слатка павлака
  • конзерва компот од кајсии

Подготовка:

  1. За кората се матат јајцата со шеќерот, се додава млеко и масло, па на крај и брашно со прашок за пециво и кора од лимон која се ренда.
  2. Се става смесата во подмачкан плех и се пече 20 минути на 200 степени.
  3. Готовата кора се потопува со сокот од компотот.
  4. За филот се разматува пудинг со густин и шеќер, и малку млеко, а остатокот од млекото се става да се вари и се прави пудингот на вообичаен начин, па се остава да се излади.
  5. Маргаринот кој се растопува на собна температура се мати со шеќерот во прав и се додава оладениот ванила фил.
  6. На крајот се мати слатката павлака и се спојува со филот за да биде лесен.
  7. Филот се мачка на кората, се дели колачот на коцки и на средината на секоја коцка се става половина кајсија од компотот, па така и колачот го носи името јајце на око.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината