БРЗ РУЧЕК: Вкусна мусака од кисела зелка

БРЗ РУЧЕК: Вкусна мусака од кисела зелка

Со малку труд ќе добиете превкусен ручек!

Состојки:

  • 3 главици кромид
  • 1 главица кисела зелка
  • 500 гр мелено месо
  • 100 гр ориз
  • 2 лажици маст
  • 1 јајце
  • 2 дл кисела павлака Пекабела
  • 2 дл млеко
  • 2 жолчки
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го на 1 лажица маст па додајте кисела зелка исечкана на парчиња. Добро пропржете. Останатиот кромид пропржете го со мелено месо, зачинете со сол, бибер и сув зачин.
  2. Оризот измијте го, сварете го и изладете го.
  3. Прженото месо изладете го, додајте 1 јајце, измешајте. Намастете керамички сад. Во садот наредете ред зелка, месо и ориз. Завршете со зелка.
  4. За прелив измешајте кисела павлака и млеко со 2 жолчки па прелијте ја муската.
  5. Печете на 225 степени додека убаво не се запече.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*