Мека, мирисна со крцкава кора: Направете мрежаста погача (ВИДЕО)

Мека, мирисна со крцкава кора: Направете мрежаста погача (ВИДЕО)

Погача која брзо се подготвува – мека и мирисна…

Состојки:

  • 800 гр брашно
  • 500 мл млеко
  • 50 мл масло
  • 4 јајца
  • 100 гр маргарин
  • сол
  • семки
  • крупна сол
  • 1 лажица шеќер
  • коцка квасец

Начин на подготовка:

  1. Квасецот потопете го малку млеко со лажица шеќер, додајте јајца па масло и сè измешајте со жица, додајте брашно и сол и замесете средно тврдо тесто. Оставете го тестото да нарасне па од тестото одвојте една помала топка а остатокот од тестото развлечете го на половина сантиметар дебелина и него премачкајте го со растопен маргарин.
  2. Потоа од горе свиткајте го тестото во ролна, свиткајте во круг и ставете го во намастен плех. Во кругот ставете ја топката па со нож малку засечете ја. Оставете ја да нарасне и премачкајте со жолчка. Посипете со семки и крупна сол и печете на 180 степени околу 45 минути.

Деталите за подготовката погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text