Посна баклава со чоколадо

Посна баклава со чоколадо

Направете единствена балкава каква што досега не сте пробале!

Состојки:

  • 1 пакување кори за баклава
  • 200 гр ореви
  • 100 гр гриз
  • 100 гр чоколадо
  • 250 гр посен маргарин

Состојки за прелив:

  • 500 гр кристал шеќер
  • 4 дл вода
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • сок од половина лимон

Начин на подготовка:

  1. Згответе прелив со шеќер, ванилин шеќер, вода и сок од лимон. По 3-4 минути вриење тргнете го од оган и оставете го целосно да се излади.
  2. Во чинија соединете мелени ореви, гриз и изрендано чоколадо. Убаво измешајте.
  3. Редете по 3 кори, една на друга, па превиткајте ги на половина, а на краевите ставајте три лажици фил, потоа свиткајте и редете во плех.
  4. Наредете ги и исечете ги на еднакви делови, потоа прелијте со растопен маргарин и печете 20 минути на 200 степени (готови се кога ќе пожолтат).
  5. Врелата баклава прелијте ја со ладен прелив.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text