Кога еднаш ќе го пробате ќе го правите постојано!
Состојки:
- 1 јајце
- 2 шолји рендани јаболка
- 1 шолја гриз
- 1 шолја шеќер
- 1 шолја брашно
- 1/2 шолја масло
- 1/2 шолја млеко
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 прашок за печиво
- 1/2 кесичка цимет
Состојки за глазура:
- 4 лажици млеко
- 4 лажици масло
- 4 лажици шеќер
- 100 гр чоколадо
Начин на подготовка:
- Јајцето разматете го со шеќер и ванилин шеќер, па додајте млеко и масло и уште малку матете.
- Брашното измешајте го со прашок за печиво.
- Ставете брашно и гриз и со лажица мешајте додека не се разбијат грутките. Додајте рендани јаболка и цимет и сè убаво измешајте.
- Смесата излејте ја во намастен плех (најдобро е да користите плех од 30 см).
- Загрејте ја рерната на 200 степени и печете го колачот додека не порумени. Со чепкалка проверете дали е готов после 20 минути.
- Од наведените состојки направете глазура и прелијте преку врелиот колач. Оставете да се излади па сечете на коцки и послужете.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега