Супер здрав тоник готов за пет минути

Супер здрав тоник готов за пет минути

Промената на времето во комбинација со пренатрупаниот распоред и стрес можат да го ослабнат имунитетот.

Испробајте го овој едноставен, а чудотворен пијалак и спречете ги вирозите навреме!

За овој тоник од ѓумбир, куркума и портокал не ви е потребен ниту соковник или некој сличен уред.

Портокалот, освен што е богат со витамин Ц и антиоксиданси, ги „уништува“ вирусите и дава енергија, а одличен е и во помош кај болки во грлото и нервозен желудник.

Ѓумбирот и куркумата надалеку се познати по своите противвоспалителни својства.

Уште една состојка која оваа напивка ја прави моќна е медот од манука. Има силно антибактериско дејство, а доколку немате ваков мед при рака, може да користите и обичен.

Состојки:

  • сок од цеден портокал
  • околу сантиметар рендан ѓумбир
  • 2 лажички мед од манука
  • прстофат куркума

Измешајте ги сите состојки и уживајте во здравиот тоник!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text